ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Регионална соработка во областа на миграции во Западен Балкан – влијанието на Европската Унија

Билјана Котевска, истражувач во ЦРИС Студиорум, даде свој придонес за академското списание Политичка мисла со трудот „ Како да се престане со преправањето и започне со соработка: влијанието на Европската унија врз регионалната соработка на Западниот Балкан со фокус на прашањето на миграцијата”. Овој труд е дел од истражувањето кое Котевска го работи во Migration Policy Group во рамки на EFB/OSI-TTF Policy Research Fellowship programme.Фокусот во трудот е на развојот на регионалната соработка помеѓу земјите од Западен Балкан во полето на миграциите, а во контекст на приближување до Европската Унија. Трудот прави преглед на регионалната соработка во полето на миграции во Југоисточна Европа во кои учествуваат земјите од Западен Балкан. Истиот се фокусира на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа, Регионалниот совет за соработка, Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци и Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа. Главниот фокус е насочен кон одговарање на прашањето дали Европската Унија, која е инаку исклучително влијателна во земјите од Западен Балкан, е исто така влијателна к ога станува збор за поттикнувањето на регионалната сорботка во областа на миграциите. Целиот труд можете да го прочитате тука.

„Политичка мисла” е тромесечно тематско списание за општествено-политички теми, кое што Институт за демократија Societas Civilis го уредува и издава заедно со германската фондација Конрад Аденауер. Овој број на списанието, кој беше посветен на регионалната соработка во Западен Балкан, беше промовиран во Собранието на Република Македонија. На оваа промоција парламентарците од Собранието и амбасадорите од земјите од регионот разменија мислења за придобивките од интензивирањето на регионалната соработка во Западен Балкан.

Референца за списанието: Political Thought – Regional Cooperation in the Western Balkans on the Road to EU and NATO, Year 8, No 31, September, Skopje 2010 (ISSN 1409-9853).

Корисни линкови:

Политичка мисла бр. 31 : http://www.kas.de/mazedonien/en/publications/20858/

Fellowship Programme for Policy Researchers from the Western Balkans Region: http://balkanfund.org/the-news/envisioning-europe/policy-reseachers-2010.html

Migration Policy Group: http://www.migpolgroup.com/