ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Промоција на правната анализа на законската рамка за ХИВ/СИДА во Македонија

Една од препораките во анализата е во насока на тоа дека домашната регулатива треба да се усогласи со меѓународните стандарди, особено во поглед на современото толкување на правото на здравје, како и заштитата на правото на достапност и пристапност до превенција од ХИВ, правото на приватност, правото на недискриминација итн.

Друга важна препорака што произлегува од оваа анализа е потребата Владата, дел од своите надлежности од оваа област (на пример, правни и етички прашања), да ги делегира на новоформираната Комисија за заштита од дискриминација.

Клучна препорака која произлегува од анализата е ефективна и ефикасна примена на регулативата од областа на антидискриминацијата, како и многу внимателна примена на Кривичниот законик со што би се избегнало кршење на правата на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, како и проширување на програмите што докажано го намалуваат пренесувањето на ХИВ, а истовремено ги штитат правата на лицата кои живеат со ХИВ, како и на лицата кои се ХИВ негативни.

Правната анализа беше промовирана на 16 мај 2011 година во Скопје. Оваа независна анализа е направена од група експерти во текот на 2009 и 2010 година, а е поддржана од Обединетите нации и Тематската група за ХИВ/СИДА на ОН во Република Македонија.

Повеќе детали за оваа анализа може да најдете на следните линкови:

Медиумска покриеност: