ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

ЦРИС „Студиорум“ доби специјален консултативен статус во ОН

Комитетот за соработка со невладини организации, што е постојан комитет на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ОН), во известување за јавноста од 17 мај 2011 година ја објави својата препорака за доделување специјален консултативен статус на 9 организации, меѓу кои и Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум”. Истото е подоцна потврдено и со целосниот извештај за сработеното на продолжената сесија на Комитетот во мај 2011 година, во кој препорака за добивање специјален консултативен статус добиваат 144 организации.

Неодамна апликацијата беше прифатена и од Економскиот и социјален совет и ЦРИС Студиорум се најде на листата на организации со специјален консултативен статус.

Специјален консултативен статус се доделува на невладини организации кои се специјализирани и работат само на дел од прашањата опфатени со работата на Економскиот и социјален совет. Со тоа самата организација има можност со своето искуство и знаење да придонесе во одредени аспекти од работата на ОН, како и подобар пристап до механизмите на ОН.

�`о моментот има 2 406 организации од целиот свет на кои им е доделен овој статус, а само 13 се од Македонија.