ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

(Продолжен краен рок) Специјално издание на Списанието за европски прашања „Евродијалог” посветено на националните институции за човекови права

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум”, во рамките на проектот „Решавање на институционалната сложувалка: Кој модел на национална институција за човекови права за Македонија” поддржан од Националната фондација за демократија од Вашингтон, САД (National Endowment for Democracy, Washington, USA), објавува повик за трудови за тематски број на Списанието за европски прашања „Евродијалог” бр. 16:

Специјално издание на Списанието за европски прашања „Евродијалог” посветено на националните институции за човекови права

Рок за поднесување на трудови: 10 април 2012 година Продолжен краен рок: 25 април 2012. | преземи повик

„Евродијалог” е академско списание на ЦРИС Студиорум, кое се објавува два пати годишно, а имаза цел да промовира објективно,  критичко и аналитичко размислување за прашања од различниобласти поврзани со Европската Унија и приближувањето и приклучувањето во ЕУ.

За „Евродијалог” бр. 16 ги повикуваме авторите/ките да поднесат трудови кои од различни аспекти ги тематизираат националните институции за човекови права и нивните модели,  како иинституционалните реформи кои водат до воспоставување на истите. (Поднесените трудовиможе да ги тематизираат и постоечките институционални рамки за заштита на човековиправа и/или препораки за реформи во Македонија,  регионот и/или Европа,  како во форма настудии на случај, така и компаративно).

„Евродијалог” ќе отстапи простор и за редовната тема, односно за трудови со кои се истражуваатразлични прашања поврзани со ЕУ од областите право,  економија,  јавна администрација, меѓународни односи,  политички науки,  комуникации,  нови технологии и општеството, енергетика,  животна средина,  здравство,  како и од други релевантни области.  Предностимаат истражувачки теми кои дирекно разработуваат прашања поврзани соКопенхагенските критериуми, а кои се фокусирани на анализи и студии на случај во односна потребите и условите кои потекнуваат од ЕУ acquis unionaire.

Одбраните трудови ќе бидат публикувани во шестнаесеттото издание на „Евродијалог”,  кое ќебиде објавено во дигитална форма на CD,  на македонски и на англиски јазик.  Покрај CD изданието, списанието во дво-јазична форма се објавува и на веб-локацијата на „Евродијалог”.

Инструкции за автори/ки:

  1. Текстот да биде со должина помеѓу 10 и 15 страници (4500-6000 зборови проверени со word count). Текстот се приложува во електронска форма на електронската пошта на Евродијалог: evrodijalog@studiorum.org.mk.
  2. Текстот да биде отчукан во Word (било која верзија) без понатамошни дотерувања (автоматско нумерирање, индент на секој пасус, итн.). Табели и графикони треба да се подготвуваат во наједноставна форма.
  3. Текстот треба да содржи:
    • име и презиме на авторот/ката и титула;
    • наслов и (евентуално) поднаслови;
    • кратка биографија за авторот/ката (1 реченица);
    • резиме (апстракт) со должина од 1/2 страница (150 зборови) на македонски јазик;
    • резиме (апстракт) со должина од 1/2 страница (150 зборови) на англиски јазик;
    • библиографија, односно користена литература.
  4. Јазична лектура и коректура прави Редакцијата на „Евродијалог” со финална авторизација од авторот/ката.
  5. Повикувањето на користената литература треба да биде според унифицираниот MLA стил, односно според следниот пример:
    1. Kниги:

    • во текстот: (Castells, 1996, p.236)
    • на крајот од текстот (во библиографијата): Castells, M. (1996). The Rise of the Network Society. Oxford, UK: Blackwell Publishers

    2. Aкадемски списанија:

    • во текстот: (Robins, 1998, p.128)
    • на крајот од текстот (во библиографијата): Robins, K. and Webster F. (1998). The Iron Cage of the Information Society. Information, Communication and Society, vol. 1, no. 1, 44-57

    3. Web страници:

    • во текстот: (Greenfield, 1999)
    • на крајот од текстот (во библиографијата): Greenfield, D. (1999, August 20). The Nature of Internet Addiction. Meetings of the American Psychological Association. Accessed April 13, 2000, from: http://www.virtual-addiction.com

    4. Печатени медиуми, весници, магазини:

    • во текстот: (Economist, 08. 04. 2000)
    • на крајот од текстот (во библиографијата): Who Owns the Knowledge Economy. (April 8, 2000) The Economist, vol. 355, no. 8165, p. 3.

    5. Конференциски прилози:

    • во текстот: (Blau, 1998)
    • на крајот од текстот (во библиографијата): Blau, A. Floods. (June 29 – July 1, 1998). Don’t Build Bridges: Rich Networks, Poor Citizens, and the Role of Public Libraries. Paper presented at conference Information Landscapes for a Learning Society. Bath, UK: University of Bath.
  6. Главите и поглавјата да бидат рачно (неавтоматски) нумерирани со арапски броеви.

Рокот за поднесување на трудови е 10 април 2012 година Продолжен краен рок: 25 април 2012. Ве молиме да поднесувате само готови трудови или трудови кои се во финален нацрт. При испраќањето на трудот назначете дали се работи за финална верзија или финален нацрт. Готовите трудови се приложуваат до Уредничкиот Одбор преку електронска пошта на evrodijalog@studiorum.org.mk.

 

Ги очекуваме Вашите трудови!

 

Уреднички Одбор
Списание за европски прашања „Евродијалог”
Скопје, 21 март 2012 година