Препознавајќи ја потребата од глобален пристап во борбата против антимикробната резистенција, Студиорум се вклучи во двомесечниот електронскиот консултативен процес на Светската здравствена организација.
Годинешното одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците (18 ноември) беше дел од Вонредната министерска средба на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа којашто се одржа во Скопје во рамки на македонското претседателство со Мрежата.
Со цел превенција на нерационалната употреба на антибиотиците и антимикробната резистенција, а во рамки на постојната иницијатива за одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици (European Antibiotic Awareness Day), во соработка со Министерството за здравство на РМ, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Институтот за јавно здравје на РМ, Студиорум ќе организира […]
По повод Европскиот ден за хигиена на рацете: СПАСЕТЕ ЖИВОТ, Чистете ги рацете, востановен од страна на Светската здравствена организација во 2010 година во рамки на Првиот глобален предизвик за безбедност на пациентите „Чиста нега е безбедна нега“, на 5 мај (понеделник) со почеток во 13.00 часот во aмфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет–Скопје ќе […]