ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
02.01.2015 Health Policy and ManagementNews

„Имплементација на политиките во електронското здравство во Македонија“ презентирана на конференцијата за е-Здравство во Ротердам

Публикацијата „Имплементација на политиките во електронското здравство во Македонија“,на која автор е Стефан Чичевалиев од Здружението „6та Ѕвезда“ а ко-автор е Неда Милевска Костова од „Студиорум“, беше презентирана на конференцијата за е-Здравство, на која се дискутираше за прашањата и предизвиците од областа на политиките и менаџментот на здравствената заштита.

07.05.2014 EventsHuman Rights Program

На 12ти мај 2014 година ќе се одржи конференцијата „Бизнис и човекови права“

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ ја организира конференцијата „Бизнис и Човекови права“, која ќе се одржи на 12ти мај 2014 година во Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, во Скопје.

20.10.2013 The New Media & The Society

„Ние сме визуелни“: Меѓународна конференција во Амстердам

По низа месеци поминати во договарања, преговарања, безброј мејлови и преводи и збогатени со успешно организираните визуелни работилници, обуките во Амстердам и Нирнберг, многу визуелни дизајни и уште повеќе прекрасни документарни филмови најпосле следи и завршната конференција на „Ние сме визуелни!“. Осмислена како дводневен визуелен настан во изобилството од фестивалски документарни наслови за време на […]

21.01.2013 EventsHuman Rights ProgramNews

Меѓународна конференција за национални институции за Човекови права во Скопје

Меѓународната конференција „Националните институции за човекови права и промоцијата и заштитата на Човековите права во Македонија и Западниот Балкан” се одржа на 3ти и 4ти октомври 2012 година, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Претставници од националните институции за Човекови права и од граѓански организации од регионот ЈИЕ се собраа да дискутираат правни, економски и аспекти на применетите политики во врска со сегашните институционални рамки за Човекови права во земјите од регионот.

02.10.2012 EventsHuman Rights Program

Информација за медиумите: конференција за национални институции за Човекови права во Западен Балкан

На 3ти и 4ти октомври 2012 година во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, Центарот за регионални истражувања и соработка Студиорум организира Меѓународна конференција насловена “Националните институции за човекови права и промоцијата и заштитата на Човековите права во Македонија и Западниот Балкан.”

02.09.2012 Human Rights ProgramNews

Повик за апстракти за меѓународна конференција за национани институции за Човекови права

Во рамки на проектот “Решавање на институционалната сложувалка: Модел на Национална институција за Шовекови права во Република Македонија”, Студиорум ги поканува заинтересираните автори да достават апстракти за презентации и панел сесии за меѓународна конференција со работен наслов „Национални институции за Човекови права и промоцијата и заштитата на човековите права во Република Македонија и земјите од Западен Балкан“.

15.06.2011 EventsHuman Rights Program

Покана за конференција: Ефективно политичко учество во локалната самоуправа и рамковниот договор

Студиорум Ве поканува на настанот „Ефективно политичко учество на помалите етнички заедници во локалната самоуправа во Република Македонија – влијание на Охридскиот рамковен договор“ кој ќе се одржи во среда, 22 јуни 2011 година во „ЕУ Инфо центар“ во Скопје од 12:00 до 16:00 часот.