ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
29.04.2011 Health Policy and ManagementNews

Студиорум учествуваше на конференција за научно-општествените истражувања во Македонија

На 14 април 2011 година, во хотелот Континентал во Скопје беше одржана конференција на тема „Состојбата на научно-општествените истражувања во Република Македонија”. Овој настан го привлече вниманието на повеќе тинк-танк организации од Македонија, претставници од државните и приватните универзитети, Министерството за образование и наука, како и независни истражувачи.

18.06.2010 Health Policy and ManagementNews

Студиорум учествува на Втората годишна научна конференција на РРПП

Втората годишна научна конференција на Регионалната програма за промоција на истражувањата (РРПП) ќе се одржи 25-27 јуни, 2010 година Драч, Албанија. На конференцијата ќе учествуваат преку 90 учесници од 16 земји од регионот, од Европа и прекуокеански земји. Истражувачи, вклучувајќи ги и тие кои работат на проекти поддржани од РРПП, ќе ги презентираат нивните трудови во пет паралелни работилници.

22.05.2010 Health Policy and ManagementNews

Учество на Третата конференција за здравје на мигрантите и етничките малцинства во Европа

Имајќи ги во својот главен фокус здравствените политики, здравјето на малцинствата, а особено здравјето на Ромите, ЦРИС Студиорум прави напори активно да учествува на настани поврзани со овие теми организирани на глобално ниво, со цел споделување на истражувачкото искуство и наоди. Како дел од овие напори, претставници на ЦРИС Студиорум ќе учествуваат на Третата конференција за здравје на мигрантите и етничките малцинства во Европа, која ќе се одржи во Печ, Унгарија од 27 до 29 мај 2010 година.

25.11.2009 Health Policy and ManagementNews

Студиорум беше домаќин на Конференцијата на евро-азиската иницијатива за безбедност на пациенти

Во рамките на постојаните заложби за подобрување на почитувањето на правата на пациентите и квалитетот на здравствените услуги преку унапредување на безбедноста на пациентите и овозможување услови за работа на здравствените работници, во Скопје во хотелот Континентал од 19 до 21 ноември оваа година се одржа Евроазиската конференција за безбедност на пациентите во организација на Центарот за регионални истражувања и соработка “Студиорум” и Евроазиската иницијатива за безбедност на пациентите. 

21.01.2009 EventsHealth Policy and Management

Плодни дискусии на конференцијата на Студиорум/ИОО за Ромите и јавното здравство во Македонија

На 22 јануари 2009 година во хотел Холидеј Ин во Скопје, ЦРИС Студиорум и Институтот отворено општество (ИОО) организираа еднодневна конференција на тема „Јавното здравство во Македонија и Ромите: Како досега и понатаму?“, подржана од ИОО програмата за јавно здравство.

08.11.2008 EventsHealth Policy and Management

Студиорум учествуваше на годишната конференција „Здравје и иновации во Европа“ организирана од ЕАЈЗ

Годшината конференција „Здравје и иновации во Европа“ на Европската асоцијација за јавно здравје (ЕАЈЗ/ EUPHA) се одржа 6-8 ноември 2008 година во Лисабон, Португалија. Студиорум даде свој придонес кон промовирањето на идеите и искуствата во врска со здравјето и иновациите во Европа преку презентацијата на Неда Милевска – Костова на оваа конференција.