ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
18.12.2008 Health Policy and ManagementNews

Активности и публикации во рамки на Европската недела за превенција на цервикален рак

Неделата за превенција на цервикалниот рак ќе се одржи од 18-24 јануари 2009 година. Главна цел на одбележувањето на оваа недела е да се подигне свеста за цервикалниот рак и како тој може да се спречи

18.11.2008 EventsHealth Policy and Management

Одбележување на првиот Европски ден за рационална употреба на антибиотиците

Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците е европска иницијатива за јавно здравје, чија цел е да ја подигне свеста за проблемот со антибиотската резистенца, и да даде информации за тоа како сите може да делуваат кон задржување на ефикасноста на антибиотиците. Фокусот на првото обележување на овој ден е на потребата за намалување на непотребната употреба на антибиотици.

08.11.2008 EventsHealth Policy and Management

Студиорум учествуваше на годишната конференција „Здравје и иновации во Европа“ организирана од ЕАЈЗ

Годшината конференција „Здравје и иновации во Европа“ на Европската асоцијација за јавно здравје (ЕАЈЗ/ EUPHA) се одржа 6-8 ноември 2008 година во Лисабон, Португалија. Студиорум даде свој придонес кон промовирањето на идеите и искуствата во врска со здравјето и иновациите во Европа преку презентацијата на Неда Милевска – Костова на оваа конференција.

23.08.2008 Health Policy and ManagementPublications

Публикација за безбедноста на пациентите во источна Европа и Азија

Оваа публикација е резултат на ентизујастичкото собирање, дискутирање и мотивација за придонес кон промените во здравствениот сектор на 16 домашни експерти и активисти, домашни службеници и лица од граѓанскиот сектор кои се собраа во Киев на генералното собрание на проектот „Источно-европски и азиски организации за права и безбедност на пациенти“ во мај 2008 година.

30.07.2008 Health Policy and ManagementNews

Усвојување на законот за права на пациенти во Македонија

На 2 јули 2008 година, Собранието на Република Македонија го донесе законот за заштита на правата на пациентите. Оваа вест ја пренесуваме со задоволство бидејќи станува збор за многу значаен развој. Но, исто така ја пренесуваме и во очекување на многуте предизвици кои ќе следуваат во врска со имплементцијата на овој закон.

07.04.2008 EventsHealth Policy and Management

Прославен вториот Европски ден на правата на пациентите

Вториот Европски ден на правата на пациентите беше на 18 април 2008 година. Прославата на овој ден во Република Македонија ја организираше ЦРИС Студиорум, како домаќин на настан поддржан од Европската комисија и Мрежата за активно граѓанство од Италија.

29.02.2008 Human Rights ProgramNews

Ромите во Македонија – преглед на ситуацијата и предизвиците во домувањето и здравствената заштита

Истражувачкиот тим на ЦРИС Студиорум, Неда Милевска – Костова и Ениса Еминова, во соработка со ХДЗР Месечина од Гостивар, одржаа прес конференција за промоција на извештајот за проценка „Ромската заедница во Република Македонија – преглед на ситуацијата и предизвиците во врска со домувањето и здравствената заштита“. Промоцијата се одржа на 29 февруари 2008 година во Холидеј Ин во Скопје.