ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
23.02.2014 Human Rights Program

Студиорум со свој придонес во консултациите на КПЛП на ООН

Студиорум учествуваше во консултациите за првите два нацрт-генерални коментари за Конвенцијата за права на лица со попреченост кои ги отвори Комитетот за права на лица со попреченост на Организацијата на обединетите нации.

29.12.2013 Human Rights ProgramProgram Areas

Придонес на Студиорум за вториот Универзален периодичен преглед на Македонија

Во рамки на консултациите на засегнатите страни за вториот Универзален периодичен преглед на Македонија, Студиорум поднесе заеднички придонес со организациите Рома С.О.С. и ЛИЛ. Овој придонес и сите други документи во врска со овој преглед закажан за 30ти јануари 2014 година се сега достапни на интернет. Ни причинува задоволство што значителен дел од препораките и голем дел од критичкиот преглед на сегашната ситуација од придонесот најдоа свое место во резимето подготвено од КВКЧП.

12.06.2013 Human Rights ProgramPublications

Студиорум серија коментари на случаи и прегледи за Човекови права

ЦРИС Студиорум започнува со објавување на серија коментари на случаи и прегледи за важни елементи во развојот на Човековите права на глобално ниво, но и на оние кои се директно врзани за Македонија.

21.03.2013 Human Rights ProgramPublications

Студија „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“

ЦРИС Студиорум ја објави студијата „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“ во која се разгледуваат двете национални институции за Човекови права во Македонија – Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација.

17.01.2012 Human Rights ProgramNewsPublications

Студија и краток извештај за ефективното политичко учество во локалната самоуправа

ЦРИС Студиорум ги објави Студијата и Краткиот извештај за ефективното политичко учество на помалите етнички заедници на локално ниво во Република Македонија.

28.05.2010 Human Rights ProgramPublications

Кратка информација за усвоениот закон за спречување и заштита од дискриминација

Оваа кратка информација го разгледува Законот за спречување и заштита од дискриминација усвоен од Собранието на Република Македонија на 8 април 2010 година, а објавен во Службен весник број 50 на 13 Април 2010 година.