ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
12.06.2013 Human Rights ProgramPublications

Студиорум серија коментари на случаи и прегледи за Човекови права

ЦРИС Студиорум започнува со објавување на серија коментари на случаи и прегледи за важни елементи во развојот на Човековите права на глобално ниво, но и на оние кои се директно врзани за Македонија.

27.05.2011 Health Policy and ManagementNews

Промоција на правната анализа на законската рамка за ХИВ/СИДА во Македонија

Анализата покажува како постоечката законска регулатива ги адресира потребите на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА или се под ризик, од аспект на човековите права. Тука е вклучен и пристапот на овие луѓе до здравствена заштита, здравствени и социјални услуги, вработување, правна заштита, образование, како и почитувањето на нивното право на заштита на приватност и доверливост. Направена е и нејзина споредба со меѓународните стандарди и дадени се препораки за надминување на постоечките недостатоци.

28.05.2010 Human Rights ProgramPublications

Кратка информација за усвоениот закон за спречување и заштита од дискриминација

Оваа кратка информација го разгледува Законот за спречување и заштита од дискриминација усвоен од Собранието на Република Македонија на 8 април 2010 година, а објавен во Службен весник број 50 на 13 Април 2010 година. 

13.02.2009 Health Policy and ManagementHuman Rights ProgramNews

Одржана тркалезна маса за законската рамка за ХИВ од аспект на човекови права и родова перспектива

ЦРИС Студиорум и програмата за ХИВ/СИДА УНАИДС во УНДП на 27 јануари 2009 година организираа тркалезна маса. Целта на дискусијата беше да се разгледа предлог верзијата на длабинската анализа на националната легислатива за ХИВ од аспект на човекови права и полови разлики која беше спроведена од истражувачкиот тим на Студиорум.