ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
29.04.2011 Health Policy and ManagementNews

Студиорум учествуваше на конференција за научно-општествените истражувања во Македонија

На 14 април 2011 година, во хотелот Континентал во Скопје беше одржана конференција на тема „Состојбата на научно-општествените истражувања во Република Македонија”. Овој настан го привлече вниманието на повеќе тинк-танк организации од Македонија, претставници од државните и приватните универзитети, Министерството за образование и наука, како и независни истражувачи.

18.06.2010 Health Policy and ManagementNews

Студиорум учествува на Втората годишна научна конференција на РРПП

Втората годишна научна конференција на Регионалната програма за промоција на истражувањата (РРПП) ќе се одржи 25-27 јуни, 2010 година Драч, Албанија. На конференцијата ќе учествуваат преку 90 учесници од 16 земји од регионот, од Европа и прекуокеански земји. Истражувачи, вклучувајќи ги и тие кои работат на проекти поддржани од РРПП, ќе ги презентираат нивните трудови во пет паралелни работилници.

31.05.2010 Health Policy and ManagementNews

Учество на колоквиум за истражувачки методи за анализа на секундарни податоци

Како дел од серијата колоквиуми за изучување на методологија, организирани од Регионална програма за поттикнување на истражувањето (Regional Research Promotion Programme – RRPP) член на истражувачкиот тим на ЦРИС Студиорум учествуваше на вториот колоквиум за анализа на секундарни податоци во Приштина, Косово, од 27 до 28 мај 2010 година.

15.02.2010 Health Policy and ManagementHuman Rights ProgramNews

Студиорум доби грант за истражувачки проект од Регионалната програма за промоција на истражувањето

ЦРИС Студиорум е еден од добитниците на истражувачки грант за 2010/11 година кои ги доделува Регионална Програма за Поттикнување на Истражувањето (РРПП). Со Програмата раководи Универзитетот од Фрибург, а е финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка. РРПП во земјите од Западен Балкан има за цел да ги промовира и зајакне истражувачките капацитети во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.