ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Повик за апстракти за меѓународна конференција за национани институции за Човекови права

Национални институции за Човекови права и промоцијата и заштитата на човековите права во Република Македонија и земјите од Западен Балкан

3-4 октомври 2012 година, Скопје, Македонија

Центарот за регионални истражувања и соработка “Студиорум”, во рамките на проектот “Решавање на институционалната сложувалка: Модел на Национална институција за Шовекови права во Република Македонија”, поддржан од National Endowment for Democracy, од Вашингтон, САД, ги поканува заинтересираните автори да достават апстракти за презентации како и за панел сесии за меѓународната конференција…

Центар за регионални истражувања и соработка “Студиорум”

Повик за апстракти

 ЦРИС “Студиорум”, во рамките на проектот “Решавање на институционалната сложувалка: Модел на Национална институција за Шовекови права во Република Македонија”, поддржан од National Endowment for Democracy, од Вашингтон, САД, ги поканува заинтересираните автори да достават апстракти за презентации и панел сесии за меѓународна конференција со работен наслов:

 Национални институции за Човекови права и промоцијата и заштитата на човековите права во Република Македонија и земјите од Западен Балкан

3-4 октомври 2012 година, Скопје, Македонија

Целта на Конференцијата е да овозможи платформа за претставниците на регионалните и европските Национални институции за Човекови права (НИЧП), студентите, академската заедница, истражувачите на применети политики и другите учесници, на која ќе се дискутираат тековните состојби, предизвиците и придобивките во однос на човековите права, и особено институционалните модели на НИЧП, со фокус на НИЧП во регионот, односно во Република Македонија.

Учесниците ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и најдобри практики од работата на НИЧП, воедно насочувајќи го фокусот кон разгледување на најефикасен модел за Република Македонија, во согласност со Париските принципи. Дополнително, во дискусиите ќе се очекуваат и практични сугестии кон институционалните модели предложени од истражувачкиот тим на проектот во соработка со повеќе национални експерти во оваа област.

Трудовите и панел-сесиите може да бидат на или во врска со следните теми:

  • Реформа на НИЧП;
  • Процеси на акредитација на НИЧП;
  • Модели на НИЧП;
  • НИЧП и националните системи за човекови права;
  • НИЧП и евроинтеграциските процеси;
  • Специфични аспекти на работата на НИЧП, како вид, членство, мандат, итн.

Апстрактите треба да бидат не повеќе од 300 зборови (преземи урнек), додека предлозите за панел-сесии треба да вклучуваат и предлог за најмногу тројца панелисти/говорници. Предлозите треба да се достават на Формуларот за доставување на апстракти, заедно со куса биографија на info@studiorum.org.mk, најдоцна до 15 септември, 2012 година. Авторите ќе бидат известени најдоцна до 20 септември, 2012 година.

Контакт за дополнителни информации: Димитар Николовски: dimitar@studiorum.org.mk.

Учеството на Конференцијата е без котизација, и ЦРИС Студиорум нема можност за покривање на патни трошоци или трошоци за сместување.

Ги очекуваме Вашите апстракти!

За преземање: