ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Меѓународна конференција

„Националните институции за човекови права и промоцијата и заштитата на Човековите права во Македонија и Западниот Балкан”

На 3ти и 4ти октомври 2012 година во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум” ја организираше Меѓународната конференција насловена „Националните институции за човекови права и промоцијата и заштитата на Човековите права во Македонија и Западниот Балкан.”

На конференцијата учествуваа повеќе од 80 видни експерти и претставници од јавни институции од областа на заштитата и промоцијата на Човековите права од Македонија и регионот. Конференцијата беше дел од проектот Решавање на институционална сложувалка: Каков модел на Национална институција за Човекови права за Македонија, чија цел е да се донесат препораки за креирање на модел за НИЧП во Македонија во согласност со меѓународните стандарди и најдобри практики, како и политичките и социо-економските карактеристики на земјата, со цел добивање на акредитација со „А” статус.

Заклучоците и препораките од Конференцијата ќе бидат вклучени во финална студија која ќе излезе на крајот на ноември 2012 година.

Материјали:

Прес клипинг: