ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Студиорум беше домаќин на Конференцијата на евро-азиската иницијатива за безбедност на пациенти

Во рамките на постојаните заложби за подобрување на почитувањето на правата на пациентите и квалитетот на здравствените услуги преку унапредување на безбедноста на пациентите и овозможување услови за работа на здравствените работници, во Скопје во хотелот Континентал од 19 до 21 ноември оваа година се одржа Евроазиската конференција за безбедност на пациентите во организација на Центарот за регионални истражувања и соработка “Студиорум” и Евроазиската иницијатива за безбедност на пациентите. На Конференцијата, покрај еминентни претставници на здравствената професија и организации на пациенти од Република Македонија, учество земаа и претставници на владини институции и невладиниот сектор од 18 земји од три континенти: Словенија, Полска, Бугарија, Литванија, Молдавија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Руската Федерација, Грузија, Белорусија, Ерменија, Украина, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Азербејџан и Соединентите Американски Држави.


partdonors

Покрај дискусиите за иднината на Евроазиската иницијатива и одредувањето на приоритетите за нејзино делување во земјите-членки, на Конференцијата беа разработени и повеќе теми актуелни во сферата за безбедноста на пациентите и унапредувањето на здравствените услуги кон подобро здравје за сите – акредитирање на здравствени установи, здравствена заштита прилагодена на потребите на пациентот, палијативна грижа, социјалниот маркетинг како алатка за подобрување на безбедноста на пациентите, и улогата на соработката на владиниот и невладиниот сектор.

Во рамките на Конференцијата, по втор пат се одбележа и Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците (ЕААД), во заедничка организација на ЦРИС Студиорум со Министерството за здравство на РМ, Институтот за јавно здравје, Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет во Скопје и Здружението на микробиолози на РМ. Одбележувањето на ЕААД е поддржано од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, Стокхолм, Шведска.

Агенда на настанот

Прилог во "Здравствен код" Прилог во "Фармацевтски информатор"