Тековен проект: “Е-панели: промовирање на граѓанско учество и волонтерство во проширена Европа“

E-panelsЛансирање на македонската веб страница е-панели: http://mk.e-panels.eu/
Во рамките на меѓународниот проект е-панели, минатата недела започна да функционира македонската веб страница. До неа може да се пристапи преку следниот линк: http://mk.e-panels.eu/. Главната веб страница е-панели е на англиски јазик (http://e-panels.eu/) со секции на јазикот на земјата од каде што доаѓаат партнерските организации, каде што ќе се одвиваат дебатите на панелите. За да се вклучите во форумите или да ги прочитате мислењата на другите, посетете го следниот линк: http://mk.e-panels.eu/forum/.
›› more

Регионална Програма за Поттикнување на Истражувањето (Regional Research Promotion Programme – RRPP/РРПП) Втора годишна научна конференција на РРПП 25-27 јуни, 2010 година Драч, Албанија

Втората годишна научна конференција на РРПП оваа година ќе се одржи во месец јуни во градот Драч во Албанија. На конференцијата ќе учествуваат преку 90 учесници од 16 земји од регионот, од Европа и прекуокеански земји. Истражувачи, вклучувајќи ги и тие кои работат на проекти поддржани од РРПП, ќе ги презентираат нивните трудови во пет паралелни работилници.

›› more

Регионална Програма за Поттикнување на Истражувањето (Regional Research Promotion Programme – RRPP/РРПП) Колоквиум по истражувачки методи: анализа на секундарни податоци - 27-18 мај, 2010 година Приштина, Косово

Како дел од серијата колоквиуми за изучување на методологија, организирани од РРПП, член на истражувачкиот тим на ЦРИС Студиорум учествуваше на вториот колоквиум за анализа на секундарни податоци во Приштина, Косово. ›› more

Тековен проект: “Е-панели: промовирање на граѓанското учество и волонтерство во проширена Европа“ - Обука и дебата со активатори на граѓански панели Скопје, 25 мај, 2010 година

Како дел од активностите од проектот Е-панели на 25 мај, 2010 година во Скопје се одржа ИКТ обука и дебата со активаторите на граѓански панели, спроведена од страна на Фондацијата Метаморфозис. На настанот беа присутни претставници од Центарот за современа ромска уметност и нови медиуми “Медиа База“, Ениса Еминовска и Аљуш Еминов кои се активатори во проектот. Како останати активатори вклучени се и Емилиа Героска, претставник на Општина Битола и Дарко Булдиоски и Сеад Џигал од Центарот за нови медиуми од Скопје. ›› more

 
studiorum.org.mk

Archive

Meta